Утрински Весник
Македонија

Уапсени тројца малолетници, расчистени пет кривични дела, одземеното вратено на сопствениците

Фатен е крадец на дело во Скопје

На 30 јуни, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници уапсиле тројца малолетници од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“, со скопски регистарски таблици. Притоа кај нив бил најден мотоцикл „априлија“, на кој превезувале предмети одземени претходната вечер од други четири автомобили, со што биле расчистени пет кривични дела тешка кражба, од кои едното во обид.

Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците, кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела.

Одземените предмети им се вратени на сопствениците. За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници