Утрински Весник
Македонија

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

615210718 1182272267416632 1162493141340058474 n.jpg

На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож).

Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.  Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати. 


Тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Шок во судница: Ивана барала полиција – оператор ја препраќал кај куќен совет

Македонија и САД потпишаа меморандум за соработка во енергетиката

Демократски Сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани