
На 04.02.2026 околу 00:30 часот на ул.„Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода А.Л.(28) и А.Л.(23) двајцата од Дебар. Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што А.Л.(28) со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а потоа побегнале. Набргу, по преземени мерки, било запрено патничко возило „опел корса“, управувано од 28-годишниот А.Л., а сопатник бил 23-годишниот А.Л. и при извршени проверки е констатирано дека 28-годишниот возач го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта и не поседува возачка дозвола за управување на моторно возило. Лицата се лишени од слобода, а возилото одземено.
На 03.02.2026 во 22:40 часот на излез од с.Ратавица кон с.Трипатанци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ж.К.(57) од с.Трипатанци. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило од Б категорија. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е привремено одземено.
На 03.02.2026 во 23:00 часот на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(43) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило. По насоки на јавен обвинител, возилото е привремено одземено за понатамошна постапка,
На 03.02.2026 во 12:30 часот на наплатна станица „Градско“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Б.П.(22) од Неготино. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Б.П. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
На 03.02.2026 во 19:00 часот на ул.„Методија Џунов Џико“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Ф. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, А.И. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
На 03.02.2026 во 17:35 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Т.(21) од с.Стрелци, кичевско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „рено клио“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Ф.Т. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
На 03.02.2026 во 14:30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Џ.А.(32) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.А. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото, пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Џ.А. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесена соодветни пријава.

