Утрински Весник
Македонија

Уапсени гевгеличани, криумчареле мигранти од Кина и Индија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Вчера од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

Имено, тие околу 09.10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Грција.

Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Вечерва драма во Тетово: Спречен вооружен напад, потера по 15-годишник од Гајре

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија 

Утре облачно време со сончеви периоди