Утрински Весник
Балкан

Уапсени двајца кинески државјани во Атина поради кражба на банкарски податоци преку СМС-напади

Policeman With Car In Background.jpg

Двајца државјани на Кина се приведени во Атина откако било откриено дека со помош на мобилен систем вграден во автомобил и напредна технологија испраќале масовни СМС-пораки и нелегално прибирале банкарски податоци од мобилните телефони на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките медиуми информираат дека осомничените ја применувале техниката позната како SMS Blaster Attacks, односно масовни СМС-напади со злонамерна намера, при што пораките лажно се појавувале како да се испратени од банки или курирски служби. Според информациите објавени од државната телевизија ЕРТ, уапсените користеле специјално модифицирано возило кое функционирало како мобилна кибер-станица.

Во автомобилот бил инсталиран компјутерски систем со интернет конекција, посебна антена поставена на покривот и софтвер што овозможувал создавање лажни базни станици на мобилната телефонија. Со оваа опрема тие ги доведувале во заблуда мобилните уреди во околината, принудувајќи ги да се поврзат на лажната антена наместо на официјалната мрежа на телекомуникациските оператори. На тој начин сторителите добивале пристап и испраќале СМС-пораки до телефоните на жртвите, без пораките да бидат означени како сомнителни или да доаѓаат од непознат број. Весникот „Катимерини“ наведува дека, според надлежните институции, Грција е петта европска држава во која е регистриран ваков вид кибер-напади.

Можете да прочитате

Радев: Одиме на избори – 24info.mk

Синдикатот на естрадни уметници остро го осуди нападот врз Ана Бекута

Мицотакис ќе се сретне со земјоделците во понеделник под еден услов