Утрински Весник
Македонија

Уапсени двајца изнудувачи од Скопско

Уапсени двајца изнудувачи од Скопско

На 27.12.2022 во 18.30 часот во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од с. Елово, Скопско и Р.А.(34) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „бмв“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра.

Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.

По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите.

Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога