Утрински Весник
Балкан

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела – запленети над 450 слики

20251127114413 big 730x400 61.webp.webp

За фалсификувани уметнички дела, уапсени се двајца грчки државјани, кај кои било пронајдено 481 уметничко дело, од кои поголемиот дел се фалсификати, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Двајцата Грци на возраст од 42 и 57 години биле уапсени во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а при претрес на нивните домови биле откриени уметничките дела, но и четири пиштоли и куршуми.

-Според експертско вештачење, утврдено е дека поголемиот дел од уметничките слики се фалсификати. Меѓу нив биле ткриени и фалсификувани дела од познат грчки уметник, чии оригинални дела се прогласени за споменици на поновото културно наследство, соопштија од грчката полиција. 

Можете да прочитате

За уривање на облакодерот на „Вјесник“ ќе бидат потребни стотици килограми експлозив

Ердоган го пофали ставот на папата Лав за палестинското прашање

Од укинувањето на безвизниот режим, речиси 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора