Утрински Весник
Балкан

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Policija gr.webp.webp

Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за борба против организиран криминал се спроведува во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Тесалија, како и во централна, северна и североисточна Грција.

– Членовите на организацијата, со специјален нелегален софтвер што го имаа инсталирано на бензински пумпи, ги измамуваа граѓаните испорачувајќи помали количини гориво од прикажаните, информираа од полицијата.

Вакви акции за откривање криминални организации кои со специјалниот софтвер во суштина краделе бензин од граѓаните беа спроведени и во текот на минатата година.

Во март беа уапсени над 55 лица, членови на две криминални организации и беше откриено дека софтверот бил инсталиран на над 50 бензински пумпи во цела Грција, а два месеци подоцна, беа затворени пет бензински пумпи во Солун и Атина.

Можете да прочитате

Албанија во 2025 година ја посетиле над 12,4 милиони странци

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa

МОЛ купува 56,15 проценти од НИС