Утрински Весник
Балкан

Уапсени 62 „гатачи“ во Турција, измамиле стотици граѓани

Img 0596.jpeg
Dik 300x250 mk

Турската полиција уапси 62 лица осомничени за поврзаност со организирана мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми.

Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет, искористувајќи ја довербата и религиозните чувства на граѓаните. Според весникот „Хуриет тудеј“, во координирана акција спроведена во 29 окрузи низ земјата, полицијата извршила претреси на повеќе адреси и привела десетици лица.

При акцијата биле запленети 2 ПОС-уреди, 62 мобилни телефони, 73 СИМ-картички, 2 ССД-картички, 3 лаптопи, 4 десктоп компјутери, како и голем број документи и дигитални материјали кои се користеле во измамничките активности.

Локалниот весник „Сабах“ јавува дека жртви на групата биле стотици луѓе, кои плаќале за „предвидувања“ и „ритуали“ што наводно требало да им помогнат да решат лични или семејни проблеми.

Гатањето е широко распространето во Турција, особено на интернет, каде што илјадници профили нудат „енергетски читања“, „љубовни магии“ и други слични услуги. Турските власти редовно ги предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на вакви огласи и да пријават сомнителни профили.

Медиумите потсетуваат дека во јули годинава беа уапсени и основачите на две популарни страници за гатачи, кои исто така се товарат за масовна измама преку интернет.

Можете да прочитате

Во Косово тешко повреден службеник на ЕУ

Утре ден на жалост во Тузла

Од 1 јануари во Албанија минимална плата 500 евра, до крајот на мандатот 700 евра, објави Рама