Утрински Весник
Македонија

Уапсени 12 лица за трговија со оружје и дрога

Triesetdneven Pritvor Za 25 Godishen Diler Na Droga 204025.jpg

По повеќемесечна предистражна постапка, рано утрово полициски екипи од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, извршија координирана акција на повеќе локации во селата Брест, Инџиково и Арачиново, како и во скопските населби Ченто и Чаир.

Во операцијата беа уапсени 12 лица осомничени за „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Едно лице дополнително се товари и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. Јавниот обвинител веднаш отвори истражна постапка против сите 12 осомничени.

Според обвинителството, групата делувала од април до декември 2025 година, со јасна организација и распределени улоги, со цел незаконска трговија со оружје – за што е предвидена казна затвор од најмалку три години. Првоосомничениот, како што се наведува, набавувал огнено оружје и муниција од засега непознати лица од Косово, кои потоа ги пренесувал и складирал во Македонија, на локации во Сингелиќ и Брест.

Тој ги организирал продажбата и посредувањето, додека другите членови на групата се занимавале со набавка, логистика и координација на испораките. Еден од приведените се сомничи и за продажба на кокаин. Обвинителството истакнува дека се исполнети условите за определување притвор и најави поднесување предлог до судијата на претходна постапка сите осомничени да бидат задржани во притвор.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Брат го претепал брат си и го оставил во локва крв, сторил обид за убиство

Божиновска: Праведната енергетска транзиција е заедничка работа на општините, бизнисот и граѓаните

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана тоа не е точно