Утрински Весник
Свет

Уапсени 11 новинари во рација во Турција

Уапсени 11 новинари во рација во Турција
Dik 300x250 mk

Турската полиција изврши рација во неколку градови и уапси 11 новинари поврзани со прокурдските медиуми поради нивните наводни врски со курдските милитанти, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Апсењата беа извршени неколку дена по усвојувањето на контроверзниот нов закон за медиуми, кој предвидува затворски казни за лицата што шират „дезинформации“ за да предизвикаат „загриженост, страв и паника во јавноста“.

Прокурдската новинска агенција „Месопотамија“ објави дека нејзиниот главен уредник Дирен Јурчевер и уште осум други новинари биле одведени на сослушување. Рациите беа извршени истовремено во нивните домови во Анкара, Истанбул и во уште пет други града, пренесе АП.

Приведени се и двајца новинари од агенцијата „Жан њуз“, се наведува во извештајот.

Од полицијата потврдија дека апсењата се извршени, а на „Твитер“ се наведува дека осомничените се приведени поради информативна содржина „која ја поттикнува јавноста на омраза и непријателство“.

Полицијата во Анкара ја обвинува агенцијата „Месопотамија“ дека дејствува како „совет за печат“ на забранетата Курдистанска работничка партија и нивната акција ја опишува како „антитерористичка операција“.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно