Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уапсена жена која во стомакот прошверцувала 850 грама кокаин: Фатена на аеродром во Јоханесбург

Screenshot 2024 09 24 135431.jpg
Img 7972

Жена е обвинета за шверц на дрога откако рендгенските снимки откриле десетици капсули во нејзиниот стомак за кои полицијата верува дека се полни со кокаин, пренесува Sky News.

Откако полицијата добила дојава дека жена се обидува да прошверцува дрога на лет од Сао Паоло, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на меѓународниот аеродром во Јоханесбург.

Таа е десеттото лице кое е уапсено на аеродромот во изминатите два месеци под сомнение за шверц на дрога, соопштија полициски претставници, додавајќи дека минатата недела е уапсен Нигериец кој се соочува со слични обвиненија.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор