Утрински Весник
Спорт

Уапсен Србин кој лани го ограби Томас Милер

Уапсен Србин кој лани го ограби Томас Милер

Португалската полиција уапси 24. годишен Србин кој е осомничен дека на 13. септември 2022 година во Германија го ограбил легендарниот фудбалер на Баерн Томас Милер.

dobivaj vesti na viber

„Билд“, тогаш пишуваше за филмскиот грабеж што се случил додека Милер бил на натпревар. Крадците го искористиле времето додека ѕвездата на Баерн играше против Барселона на „Алијанц Арена“ и влегле во неговата куќа. Во добро организиран грабеж од станот одзеле пари, накит и други вредни предмети.

Крадците особено биле заинтересирани за скапите часовници, со вредност од 500.000 евра, а со себе однеле дури 17 парчиња. Речиси една година по тој грабеж, еден од крадците е уапсен во Лисабон, а како што пренесуваат српските медиуми, тој е Србин роден во Италија.

Младиот човек е приведен и обвинет за кражба и разбојништво, а засега не се познати деталите од распитот, како и судбината на српскиот крадец.

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ