Утрински Весник
Свет

Уапсен сообраќаен инспектор за железничката несреќа во Грција

Уапсен сообраќаен инспектор за железничката несреќа во Грција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајниот инспектор на грчките железници денеска е приведен поради железничката несреќа од 28 февруари, во која во Темпи загинаа 57 лица, објави „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Главниот инспектор Димитрис Николау (63) во несреќата е обвинет за „нарушување на безбедноста на сообраќајот“, што предизвика смрт на многу луѓе, како и убиство од небрежност.

Николау е вториот притворен во овој случај и може да биде осуден од десет години затвор до доживотен затвор.

Во притвор е и шефот на железничката станица, каде што се случи дефектот, Василис Самарас (57). Тој ја призна одговорноста за директниот судир на патнички и товарен воз во Темпи, во близина на градот Лариса.

Во судирот на патнички и товарен воз на 28 февруари загинаа 57 лица, десетици беа повредени, а девет лица сè уште се на болничко лекување.

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода