Утрински Весник
Македонија

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“. Ова е прво лице на кое Кривичен суд му одредило и притвор, а се поврзува со овој случај. Во исто време, преку меѓународна правна помош, се трага по извршителите. Убиени беа Јетон Кривањева викан Жила и  Енес Исени, кои се поврзуваа со нарко пазарот.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални извори на „Макфакс“ од судот, скопјанецот се сомничи дека има поврзаност автомобилот „ауди“ со кое извршителите на убиството избегаа, па потоа беше запалено. Од упатени извори, дознаваме дека Обвинителството наредило да му се земат и папиларни линии, за да се утврди дали истите се совпаѓаат со земените од автомобилот.

„Макфакс“ се обрати и до Обвинителството, од каде очекуваме одговор колку дневен притвор му е одреден на осомничениот.

Автомобилот „ауди“ беше запален во Бутел, кратко по двојното убиство. Од него останаа регистарските таблици. Возилото било оставено кај подвозникот кој води кон Мирковци.

„Макфакс“ објави детали по масакрот во старата скопска Чаршија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош