Утрински Весник
Македонија

Уапсен скопјанец, ограбил жена што се качувала во автобус

Кривична за Косовци кои краделе паричници и ваделе пари од банкомати во Кочани

Вчера, околу 14.05 часот, на автобуска постојка на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит-пазар, го лишиле од слобода И. С. (56) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М. М. (38) од Скопје при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По насоки од јавен обвинител, против него била поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му била определена мерка притвор и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката притвор, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)