Утрински Весник
Балкан

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

20240729140224 Big 730x400 52.webp.webp
Dik 300x250 mk

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е првиот човек на Обвинителството во албанскиот приморски град Валона, Аурел Зарка, како и три други лица.

-Покрај Зарка, уапсени се Е. Даупај, магистрантка на Високата школа за судии, поранешна службеничка на правосудната полиција во обвинителството за тешки кривични дела и истражител во Националното биро за истраги, адвокатот Р. Чела и лицето А. Влади, кои се осомничени за злоупотреба на должноста во врска со кривични постапки, објавија албанските медиуми.

Анализата на апликацијата Sky Ecc открила дека овие лица таму комуницирале во врска со кривични постапки. Зарка бил корисник на четири кодови на оваа апликација преку која се разговарало за услуги и кривични дела, за кои обвинителите ги документирале улогите на инволвираните.

Сега уапсениот шеф на Обвинителството на округот Валона, на оваа функција бил избран 9 мај 2022 година, откако претходно успешно го поминал процесот на проверка

Можете да прочитате

Во Истанбул отворен најголемиот градски парк во Турција со 1,2 милиони квадратни метри зелена површина

Мајка на жртва од Нови Сад почнува штрајк со глад: „Морам да знам кој го уби моето дете“

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад