Утрински Весник
Македонија

Уапсен разбојник во Скопје – со скалпел се заканувал при кражби

Image 215300.jpg

Вчера во 18.30 часот во Скопје, во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишија од слобода С.А. (36) од тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел, соопштија од полицијата.

При преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Финансиска му поднесе кривична на поранешен директор на „Пошта“ за предизвикана штета од речиси 11 милиони денари 

Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни

ДУИ: За Шасивари единствен правен јазик е македонскиот јазик