
Уапсен е професор од скопско средно училиште во Центар кој сексуално вознемирувал ученичка. 52 годишниот професор бил лишен од слобода вчера, по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.
Според неофицијални информации станува збор за средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

