Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција

Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција
300x250 opst2

Поранешниот пакистански премиер и лидер на опозицијата Имран Кан е уапсен денеска, откако пакистанскиот суд го осуди на три години затвор под обвинение за корупција.

dobivaj vesti na viber

-Претседателот на ПТИ е уапсен од неговата резиденција во Лахоре, се вели во соопштението на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф.

Судот во Исламабад го обвини Кан дека лажел за државните подароци добиени за време на неговиот мандат, потврди партискиот портпарол за ДПА.

Со пресудата, која беше изречена во воздржаност, на Кан му се забранува политичка функција во следните пет години. Кан, кој отсекогаш ги негираше наводите, сепак може да поднесе жалба на пресудата.

Овој потег веројатно ќе поттикне дополнителни тензии во земјата. Кога Кан последен пат беше уапсен во мај, неговите поддржувачи упаднаа во владините институции.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож