Задарската полиција уапси маж поради тежок случај на педофилија што наводно се случувал повеќе години. Случајот е особено чувствителен поради малолетната жртва, девојче кое било сексуално злоставувано од нејзината шестта до единаесетта година, пренесува „Задарски лист“.
Станува збор за постар маж и девојче од задарски крај кои не се во роднинска врска. Според информациите на „Задарски лист“, тие живееле во истата куќа во сопственост на маж, во која како потстанари живеело семејството на девојчето.
Девојчето долго молчело за злоставувањето, а се пожалило кај училишниот психолог кој го алармирал целиот систем. Родителите не обрнувале посебно внимание на мажот поради неговата возраст, па дури и го пуштиле малото девојче да се прошета со него.
Поради малолетната жртва и чувствителноста на случајот, полицијата не смее да излезе во јавноста со информации за овој настан, а како што рече портпаролката на СВР Задар, Ивана Грбин, на овој начин се обидуваат да избегнат понатамошна виктимизација на жртвата.