Утрински Весник
Македонија

Уапсен е Артан Груби – 24info.mk

Artan Grubi 750x430 1.jpg

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерка „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка.


Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во рамки на случајот што се однесува на работењето и договорите на Државната лотарија на Северна Македонија.

Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Судот претходно му одредил мерка притвор, а надлежните органи имаа распишано меѓународна потерница.

Можете да прочитате

Од врвот на власта до апсење на Артан Груби, започнува истрагата за милионски злоупотреби

СДСМ: Дали ставот дека „Српска Македонија” била окупирана е критериумот за избор на Адамовиќ?

(Фото) Еве како беше уапсен Груби