Утрински Весник
Свет

Уапсен адвокатот на Навални – 24info.mk

1709057255 Navalni.jpg

Адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор овој месец, наводно е уапсен во Москва, јавува Би-Би-Си.

Според руските медиуми, Василиј Дубков бил приведен поради „нарушување на јавниот ред“. По смртта на Навални, Дубков заминал на Арктикот каде Навални бил во затвор.

Руските власти се уште не го потврдиле апсењето на Дубков. Во октомври 2023 година, другите адвокати на Навални, Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липстер беа уапсени под обвинение за „екстремизам“.

Во јануари за истото дело беше обвинета и Олга Михајлова, друга адвокатка на лидерот на опозицијата, која одлучи да остане во егзил.

Во 2021 година, руските власти ја забранија антикорупциската фондација предводена од Навални поради „екстремизам“.

Телото на опозицискиот лидер беше задржано од затворските власти повеќе од една недела по неговата смрт. Неговата мајка, Људмила Навалнаја, отпатувала во оддалечениот затвор „Поларниот волк“ каде што починал за да го собере неговото тело, придружувана од Дубков.

Телото и било предадено на мајка му осум дена по неговата смрт. Таа рече дека властите и се заканувале затоа што сакале нејзиниот син да биде погребан во „тајност“.

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7