Утрински Весник
Македонија

УЈП со всжно известување за сите

Ujp1 620 350.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници да поднесат даночни пријави за Данокот на додадена вредност (ДДВ) за јули годинава и порачува дека очекува вкупно 7.407 даночни обврзници да ја исполнат оваа обврска.

„ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26 август во понеделник“, посочуваат од УЈП.

Управата им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави, туку да поднесат што поскоро со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.

Од УЈП посочуваат дека досега најмногу пријави се поднесени од обврзниците од Тетово, а најмалку од Прилеп.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со дожд за Божиќ

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син