Утрински Весник
Македонија

УЈП присилно ќе наплатува ДДВ ако даночните обврзници не го сторат тоа во законски рок

Ujp1 620 350.jpg

Управата за јавни приходи (УЈП) по обработката на ДДВ пријавите информира дека долг по основ на ДДВ за јуни пријавиле 4.030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3,168,673,344 денари. За кварталот април-јуни пријавиле 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1,982,960,788 денари.

Од УЈП ги повикаа останатите 1.277 месечни обврзници, кои имаат долг од 817,061,527 денари и 7.661 тримесечни обврзници, кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967,855,467 денари, тоа да го сторат веднаш.

„Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности. За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03 отсто од преостанатиот долг“, се наведува во денешното соопштение од УЈП.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди