Утрински Весник
Македонија

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025

Ujp.jpg

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите даночни обврзници на време да ги поднесат ДДВ-04 пријавите и да го платат даночниот долг за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е 25 август 2025 година.

До денеска, како што наведуваат, само 11 отсто од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.


УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци.

– Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за: усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на деловните субјекти и поттикнување на стабилен и развиен економски систем, се вели во соопштението.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: info@ujp.gov.mk , на фиксната линија 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200.

Можете да прочитате

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар

Утковски реагира на критиките од Кривичниот суд: Затвор Скопје постапува согласно своите можности и капацитети