Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 01/2025, која ги опфаќа долговите доспеани до 30 септември 2024 година и неплатени до 31 декември 2024 година. На листата се наведени обврски по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На оваа листа се најдоа 1962 правни лица, што претставува намалување за 7 должници во споредба со претходната листа, и 3915 физички лица, што е зголемување за 69 должници.
Вкупниот нето долг кој се објавува во Листата бр. 01/2025 изнесува 11.509.677.366 денари, што е зголемување од 309.353.404 денари во однос на претходната листа.
- Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, што е повеќе за 268.957.462 денари.
- Долгот за царински давачки изнесува 177.189.227 денари, што претставува зголемување за 40.395.942 денари.
Целосната Листа на должници е достапна на веб-страницата на Управата за јавни приходи и може да се прегледа ТУКА.