Утрински Весник
Свет

Њујорк тајмс: Украина се обиде да го ликвидира началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов

Њујорк тајмс: Украина се обиде да го ликвидира началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов
Dik 300x250 mk

Украинските власти се обиделе да го убијат генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, пишува Њујорк Тајмс.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, Киев го извршил нападот во моментот кога Герасимов бил на линијата на фронтот, пренесува ТАСС и додава дека во извештајот на американскиот весник не се споменува датумот на нападот или некоја друга информација.

Во текстот се потсетува дека Вашингтон бил против ваквите планови на властите во Киев поради загриженост дека обидот за убиство на Герасимов може да доведе до ескалација, пренесува Танјуг.

Американската страна ги скрила информациите на Украинците за движењата на рускиот генерал и побарала од Украина да го запре нападот, пишува Њујорк тајмс.

 

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин