Кошаркарите на Мајами Хит ја победија Филаделфија со 101:99 и ја прекинаа серијата од четири порази. Во дербито на Истокот, Њујорк Никс убедливо ги совладаа Бостон Селтикс со 109:94.
Бостон прв пат од почетокот на сезона не е лидер на Истокот. Селтикс потклекнаа во Њујорк и сега со скот 43/18 се втори на табелата за Милвоки Бакс.
Во победничкиот тим најефикасни беа Имануел Квикли и Џулиус Рендл со по 23 поени, додека Џејлен Бренсон запиша 17 поени.
Кај Селтикс се истакна Малколм Брогдон со 22 поени, Маркус Смарт имаше 19, додека Џејсон Тејтум постигна само 14 поени со 9 асистенции и 7 скока.
Тејтум се мачеше со шутот (6/18), а натпреварот не го заврши бидејќи беше исфрлен во четвртиот период по втора техничка грешка.
Џими Батлер го предводеше Мајами до победата над Филалделфија со 23 поени, 11 скока, девет асистенции и четири украдени топки.
Тој поентираше за 100:99 на 88 секунди до крајот, а на осум секунди до крајот на мечот беше прецизен од линијата за слободни фрлања.
.
Во победата на мајами свој придонес имаа Гејб Винсент со 14 поени, Бем Адебајо со 13 поени и седум скока, Макс Струс исто така со 13 и Виктор Оладипо со 11 поени.
Во тимот на Филаделфија Џоел Ембиид постигна 27 поени со 12 скока, а Тајрис Макси додаде 23 поени.
Џејмс Харден не успеа да погоди тројка со звукот на сирената, натпреварот го заврши со 20 поени и 12 асистенции.