Утрински Весник
Свет

Њујорк ќе плати отштета од 17,5 милиони долари за кршење на правата на муслиманските жени

00nypd Settlement Kpjh Videosixteenbynine3000 1 Scaled.jpg

Њујорк се согласи да плати отштета од 17,5 милиони долари во колективна тужба покрената од две муслиманки кои велат дека нивните верски права биле прекршени кога полицијата ги принудила да го отстранат хиџабот за да се фотографираат откако биле уапсени.

Прелиминарната финансиска спогодба, која допрва треба да биде одобрена од судијата на окружниот суд, беше поднесена во петокот во федералниот суд на Менхетен и повеќе од 3.600 луѓе имаат право на исплати според спогодбата, објави Фокс њуз.

Џамила Кларк и Арва Азиз првично ја поднесоа тужбата во 2018 година, откако беа уапсени поради кршење на судската наредба што ја нарекоа лажна. Двете беа уапсени на Менхетен и во Бруклин. Тие рекоа дека почувствувале срам и траума откако биле принудени да го тргнат хиџабот, кој го носат во согласност со исламската вера.

„Кога ме натераа да го соблечам хиџабот, се чувствував како да сум гола“, рече Кларк во изјавата дадена од нејзините адвокати. Таа истакна дека не е сигурна дека зборовите можат да пренесат колку се чувствувала изложена и злоупотребена. „Толку сум горда денес што одиграв улога во спроведувањето на правдата за илјадници жени од Њујорк“, рече таа.

Вкупната исплата ќе биде околу 13,1 милиони американски долари откако ќе се одбијат правните и другите трошоци, и може да се зголеми доколку доволно баратели поднесат барања. Секој од нив ќе добие помеѓу 7.824 и 13.125 долари

Можете да прочитате

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Уапсен чичкото на осумгодишното девојче по кое трага цела Турција

Итно суспендирање на апликацијата „Х“ нареди Бразил – Казната за обид за пристап до мрежата е 8.874 долари