Британскиот спринтер Си Џеј Уџа е суспендиран на 22 месеци поради позитивниот допинг-тест на минатогодишните Олимписки игри во Токио. Уџа како член на штафетата на Велика Британија освои сребро во штафетната трка на 4х100 метри.
Казната се однесува на периодот од 6 август минатата година кога се одржа штафетна трка во која Уџа беше допингуван, а ќе трае до јуни 2023 година. Исто така, Велика Британија го загуби тој сребрен медал на Игрите уште порано бидејќи Уџа беше позитивен на Остарин и С-23.
Спринтерот се бранеше дека овие недозволени супстанци не ги внесувал намерно, туку дека завршиле во неговиот организам откако зел одредени суплементи. Рекол дека несвесно зел контаминирана супстанца.
Остарин и С-23 имаат инаку сличен ефект на тестостеронот и се строго забранети од антидопинг агенциите.