Утрински Весник
Македонија

ТВ21: ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Зоран Ставрески за гувернер на Народна банка?!

Stavreski.jpeg

Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори. Одлуката е донесена, поради искуството на Ставрески кој беше чувар на државната каса повеќе од шест години, но и неговото работно искуство во Светска банка каде работел од февруари 2006 година.

Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.

Овој економист со магистерски труд „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија“, е еден од ретките кој влезе во Владата без книшка на ВМРО-ДПМНЕ.

КОЈ Е ЗОРАН СТАВРЕСКИ?

Зоран Ставрески (59), сопруг и татко на една ќерка, од 2006 година е вицепремиер на десничарската Влада на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за економски работи, а од 2009 до 2016 чувар и менаџер на државната каса во семејството од над 2 милиони жители.

Дипломирал на Eкономскиот факултет во Скопје во 1987 година, а магистрирал 1997 година на истиот факултет на тема „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија“.

„Лицето со црвена вратовска и крената рака е македонскиот министер за финансии“, вака CNN пред 12 години го опиша Зоран Ставрески на бурните настани од 24 декември 2012 година, познат како „црн понеделник“.

КАКО СЕ ИЗБИРА ГУВЕРНЕР?

На предлог на претседателот на Македонија, вицегувернерите се именувани од Собранието на Република Македонија на предлог на гувернерот, а неизвршните членови ги избира Собранието, на предлог на Владата на Република Македонија. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или штедилниците.

Во член 49 (1) од Законот за НБРМ, мандатот на сите членови на Советот на НБРМ е утврден на седум години, вклучително и мандатот на гувернерот, кој, согласно со член 46 (4), претседава со Советот и има главна извршна функција во НБРМ.

КОГА ИСТЕКУВА МАНДАТОТ НА АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОВСКА?

Д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 22-ри мај 2018 година стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија. Собранието на Република Македонија, на својата 46. седница, со 81 глас „за“, без ниту еден глас против и без ниту еден воздржан се изјасни во врска со предлогот на Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, таа да ја извршува оваа одговорна функција.

Мандатот истекува наредната 2025 година.

Кои се досегашните Гувернери?

Љубе Трпески е поранешен гувернер на централната банка. Трпески имал значајна улога во монетарното осамостојување на Македонија, воведувањето на македонската валута, регулацијата на пазарот на хартии од вредност и водењето на монетарната политика. Во својство на министер или гувернер, тој ги предводел или учествувал во преговорите на Македонија со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка.

Во септември 2004 година, полицијата поднела кривична пријава против Трпески, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба, така што, во текот на 2001-2002 година, во својство на гувернер на централната банка, издавал гаранции за кредитите што Експорт-Импорт банка ги земала од странски банки, при што, парите завршиле во повеќе фирми контролирани од стопанственикот Методија Смиленски.

Петар Гошев e македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија. Тој е предложен од тогашниот претседател Бранко Црвенковски. По Парламентарните избори во 2002 година, во периодот од 1 ноември 2002 до 7 ноември 2003 година бил Министер за финансии на Република Македонија. На функцијата Гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година и на таа функција се задржал до 2011 година. До последен момент Црвенковски бил во дилема дали да оди со Гошев или со професорот на Економскиот факултет Михаил Петковски. Партискиот врв на ЛДП, составен од Ристо Пенов, Јован Манасиевски и Роза Каревска-Топузовска, на средбата со Црвенковски се заложил Гошев да биде новиот гувернер на НБМ. Претседателот го добил Гошев како кандидат од партиите во владејачката коалиција, што кај него предизвикало револт поради мешањето во неговите надлежности. Петар Гошев беше член на ЛДП и поранешен министер за финансии. Банкарско искуство стекна со членувањето во Советот на НБМ.

Извор: ТВ21

Можете да прочитате

Куќа од скоро пола милион евра, скапи часовници, еве каков имот пријавил Мицкоски

Исчезнати тројца Непалци кои работеле во скопска фирма

Николоски бара ЈО да ги испита покачувањата на цените за автопатот Кичево-Охрид и за пругата кон Бугарија