Полскиот премиер Доналд Туск за утре свика состанок на Советот на безбедносните служби, посветен на „наводното влијание на Русија и Белорусија врз полскиот државен апарат во изминатите години“, напиша денеска тој на социјалната мрежа Х.
Полските власти вчера соопштија дека истражуваат дали полски судија кој имал пристап до доверливи информации и побарал азил во Белорусија бил вмешан во шпионажа.
„Мора да бидеме свесни дека специјалните служби, во овој случај – белоруските, работеле со лице кое имало директен пристап до министерот за правда, имало пристап до разни тајни документи до кои ниту едно разузнавање не смее да има пристап“, рече Туск пред денешниот владин состанок.
„Фактот дека врската на судијата (Томас) Шмит со Белорусите има долга историја, и не се однесува само на изминатите неколку месеци, треба да биде причина за длабока загриженост“, истакна Туск