Утрински Весник
Македонија

Туск повторно го повика Претставничкиот дом на САД да гласа за помошта за Украина

Eee 4.webp.webp
Dik 300x250 mk

Полскиот премиер Доналд Туск синоќа повторно го повика претседателот на Претставничкиот дом на САД да го предложи за гласање итно потребниот пакет помош во износ од 60 милијарди долари за Украина, јавија полските медиуми.

Пакетот, кој веќе беше усвоен од Сенатот, останува во Претставничкиот дом, чиј претседател Мајк Џонсон одби да го даде на гласање и покрај очигледната поддршка за законот во Долниот дом на американскиот Конгрес.

Џонсон, претставник на Републиканската партија, инсистира дека нема да биде „притиснат“ да го одобри пакетот странска помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, од кои 60 милијарди долари се планирани за Киев.

Можете да прочитате

Норвешки криминалец уапсен на скопскиот аеродром

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија 

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме раст од 17,5% во делот на советнички места, СДСМ опаѓа за 42%