Утрински Весник
Свет

Туск до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна

Donald Tusk.png

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, тој гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.

„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ ​​и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-путин сили во Европа или илегалната миграција. Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи.


Полскиот премиер рече дека Полска има рекорден, динамичен економски раст, модерна, силна, добро вооружена армија.

„Конечно ја вративме контролата над нашите територијални води. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа. Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.

Можете да прочитате

Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група

Лондонските тунели стануваат нова туристичка атракција

Трамп: Производите од ЕУ сигурно ќе добијат царини