Утрински Весник
Свет

Турските власти запленија речиси два тона наркотици на границата со Иран

20250603113641 big 730x400 54.webp.webp

Турските царински служби заплениле вкупно 1,87 тона метамфетамин, скриен во вреќи со јаглен, на граничниот премин Ѓурбулак на турско-иранската граница, соопшти турското Министерство за трговија.

Според Министерството, проценетата вредност на запленетата дрога надминува 5,6 милијарди турски лири (околу 164 милиони евра), а обвинителството веќе покренало истрага за случајот.


Од Министерството додаваат дека во периодот јануари – јуни 2025 година, турските царински служби заплениле повеќе од 17 тона дрога со вкупна вредност од над 19,9 милијарди турски лири (околу 581 милион евра), што претставува раст од 234 проценти во однос на претходниот период и претставува историски рекорд.

Можете да прочитате

Одземен е пратеничкиот мандат на Марин Ле Пен

Путин со папата Лав XIV: Украина има намера да го ескалира конфликтот

Трамп вели дека разговарал со Путин