Утрински Весник
Спорт

Турски клуб тренира со само седум фудбалери по скандалот со обложување

20251125201641 big 730x400 21.webp.webp

Турскиот фудбалски четвртолигаш Агроспор се соочува со големи проблеми со играчкиот кадар поради скандалот со наместени натпревари во турскиот фудбал.

Тимот тренира со само седум играчи откако 17 беа суспендирани поради обвинувања за обложување, изјави потпретседателот на клубот Текин Јусан, цитиран од агенцијата Анадолија.
„Во моментов, нашиот менаџмент и тренерски персонал се побројни од играчите“, рече претседателот на клубот.

Јусан го опиша периодот како тежок за клубот и наведе дека Агроспор планира да го засили својот оскуден состав со играчи од младинскиот тим.

Скандалот со обложување го потресува турскиот фудбал со недели. Кон крајот на октомври, турската фудбалска Федерација обелодени дека 152 судии се осомничени за обложување.
Во Првата турска лига, досега се суспендирани 27 фудбалери, вклучувајќи неколкумина од гигантите Галатасарај и Бешикташ.

Можете да прочитате

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ

Суперлигата ја тужи УЕФА – 24info.mk

Фудбалерите на англиски клуб им ги вратија парите на навивачите по поразот од 0-7