Утрински Весник
Свет

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите

445431 stotici privedeni na prvomajski protesti vo istanbul.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турската полиција приведе 384 лица кои учествуваа на денешните првомајски собири по судирите со полицијата поради забраната за јавни собири на плоштадот Таксим, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Демонстрантите се обидоа да маршираат кон централниот градски плоштад Таксим и беа блокирани и туркани од полицијата, што доведе до судири додека демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите, 9објави Ројтерс.


На видеата се гледаат судири меѓу полицијата во антидемонстративна опрема и насобраниот народ.

Синдикатите и невладините организации повикаа на протести и марш во Истанбул, каде во последните недели имаше масовни демонстрации поради приведувањето на градоначалникот и главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Екрем Имамоглу.

Илјадници луѓе се собраа денеска во Анкара на главно мирни маршеви и демонстрации, а собири се одржаа и во други турски градови.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична