Турнејата на Хари Стајлс е рангирана меѓу 10 најдобри на сите времиња, според извештаите.
29-годишниот британски музичар е на епска двегодишна турнеја Love on Tоur, во чии рамки одработи неверојатни 169 настапи во изминативе 23 месеци.
И се чини дека сета таа напорна работа секако се исплатеше бидејќи концертите собраа неверојатни 460 милиони фунти (590 милиони долари) приход, а според познавачите, уште цифри ќе следуваат.
Последниот концерт го одржа во Италија минатата сабота.
Стајлс е рангиран на четвртото место на табелата Billboard Boxscore, а пред него се „Ју-ту“ и Ед Ширан со турнеја што траеше од 2017 до 2019 година.
Елтон Џон е на врвот на листата со турнеја која му донесе 900 милиони долари. Одржал 330 концерти. Оваа листа ги вклучува и „Ганс ен’ роузис“, „Колдплеј“ и „Ролинг стоунс“.
Големи ѕвезди како Бијонсе и Тејлор Свифт се на турнеја оваа година, па се очекуваат значителни промени во табелата. Според некои претпоставки, Тејлор најверојатно ќе стане прва изведувачка чија заработка од турнеја надминала една милијарда долари.
Тејлор со еден концерт на турнеја заработува 13 милиони долари, а побарувачката за влезници е огромна. Исто така, се зема предвид и фактот дека билетите денес се поскапи од пред неколку години. Просечна цена за концерт на Тејлор Свифт сега е околу 250 долари.