Утрински Весник
Свет

Туристи сведочат за ужасот на Родос: „Ни дадоа мокри крпи од хотелот и ни рекоа да бегаме“

Туристи сведочат за ужасот на Родос: „Ни дадоа мокри крпи од хотелот и ни рекоа да бегаме“

Бриџит и Роберт Дејвисон – брачна двојка од Северна Ирска, детално го опишале пеколот низ кој поминале на грчкиот остров Родос додека бегале од огнената стихија.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, Британецот Џонатан Луис, кој исто така се најде во пеколот на Родос, решил да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Тој не се двоумел да вози осум часа во изнајмен автомобил за да ги спаси семејствата од Родос.

Од 12 до 20 часот несебично превезувал луѓе на безбедни места, кога решил да преземе акција кога почнал да се гледа првиот чад.

Британците на Би-Би-Си за Родос: „Грците ни помогнаа, ни ги отворија домовите“

Брачен пар од Северна Ирска на одмор во Родос го опиша застрашувачкото искуство на евакуација од хотелoт во кој биле сместени, а на кој му се заканувал пожар. Бриџит Дејвидсон и нејзиниот сопруг Роберт се спасиле бегајќи пеш.

„Беше многу страшно, ја чувствувавме топлината на огнот зад нас“, изјавија за „Би-Би-Си“. Персоналот им дал крпи натопени со вода додека си заминувале. Според извештаите, околу 19.000 луѓе биле евакуирани од нивните засолништа по копно и море.

„Персоналот на хотелот слезе со крпи натопени со вода и ни рекоа да се облечеме и да одиме на брегот што е можно побрзо, што и го направивме“, рече Роберт и додаде: „Чадот почна да дува во наш правец, ушите и грлото не печеа“.

Чамецот кој пристигнал требало да ги однесе на безбедно место

„Љубезниот сопственик на хотелот се сожали на нас кога утрото пристигнавме со чамец и ни подари соба бесплатно. Локалните Грци беа неверојатни. Сè што имавме се облеката што ја носевме и нашите телефони и пасоши. Летаме дома во вторник. Немаме билети, ги оставивме во хотелската соба“, рече тој.

Кони Вудс, 18-годишна девојка од Северна Ирска, рече дека нејзиното семејство спиело на столици во училиштето кога им било кажано да го евакуираат одморалиштето во Пефкос. Како што истакна, мештаните им пружиле храна, вода и медицинска помош.

На Твитер ги фалат Грците, кои и покрај трагедијата што ги снајде, им помагаат на туристите и ги примаат во своите домови.

Првите Британци евакуирани од островот Родос пристигнаа дома во неделата попладне. Оние што останаа не го криеја гневот што туристичките агенции и авиокомпаниите не им најдоа билети за враќање дома.

Се наведува дека грчката армија им помогнала на илјадници локални жители и туристи, главно британски, наоѓајќи места за спиење во училиштата, стадионите и рекреативните центри.

Британските туристи ги фалат локалните жители за нивната брза и ефикасна акција, но и за гостопримството и се многу благодарни за сета помош што ја добиле.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел