Утрински Весник
Магазин

Туристи распалија скара на популарна плажа во Црна Гора, многубројни реакции на социјалните мрежи

Туристи распалија скара на популарна плажа во Црна Гора, многубројни реакции на социјалните мрежи

Фотографија од странски туристи на црногорска плажа во Будва предизвика многубројни реакции.

dobivaj vesti na viber

„Дали плажата е адекватно место за подготовка на скара?“ Тоа прашање им беше поставено на следбениците на популарната страница „Подгорички времеплов“ заедно со фотографија, на која, како што е наведено, се фатени странски туристи како подготвуваат скара среде плажа во Будва.

Сепак, следните одговори веројатно не се очекуваа. Наместо осуда, поддршка добија скараџиите, а црногорските домаќини беа критикувани за разни други работи, пишува „Нова.рс“.

„Тоа е кога во ресторанот има 7 ќебапи за 10 евра“; „Треба ли се да се приватизира за обичните луѓе да не може да имаат слобода на плажа? Срамота, нека живее и ужива народот“; „Па ви пречеа туристите од домати, скокна стандардот“; „Па нека јаде народот. Кога не ни пречи ѓубрето што го оставаме покрај главата на плажа и таа смрдеа што ја вдишуваат по цел ден, ќебапите се барем уживање“; „Најдобро е да се направи скара на плажа, особено кога не можеш да купиш ни бурек за 5 евра“; „Подобро пријавете како таква плажа нема спасители, денеска кај Бова спасивме онесвестен човек. Резил и срам!“, се дел од коментарите.

Се споменуваше и општинската полиција, а се огласија и оние што беа сведоци на ситуацијата.

„Дојдоа по 19 часот. Учтиво, народот веќе си одеше дома… Никому не му пречеа и одлично си поминаа“, беше еден од коментарите.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста