Утрински Весник
Спорт

Турците го казнија Мурињо за непримерните изјави

36916aa4 D57b 4327 8dbe 2fd6610580d6 1.jpg

Минатиот викенд, во дербито од 11. коло на турскиот шампионат, Фенербахче на гости го совлада Трабзонспор со 3:2 со голот на Софијан Амрабат во 102. минута. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо лудуваше по триумфот, поради што е парично казнет со 26.000 евра и суспензија од еден натпревар.

Муриео е казнет поради неспортско однесување кон противничките навивачи и изјавите што ги дал по натпреварот во кои тој ги нападна судиите, тврдејќи дека работат за Галатасарај.

Судијата досуди два удари од белата точка за Трабзонспор, а Фенербахче победи во 12. минута од судиското надополнување.

По натпреварот, Мурињо рече: „Главниот човек на натпреварот беше Атила Караоглан (судијата во ВАР собата). Невидливиот човек. Главниот судија е само дете. Атила Караоглан е човекот на натпреварот. Не сакам да го видам повеќе на нашите натпревари. Многу работи ми беа кажани пред да дојдам во Турција. Не сакав да верувам во тоа, но сега се уверив дека состојбата е и полоша од она што ми го кажуваа.

Играме против системот. Се бориме против систем кој е во служба на еден клуб. Кога го кажувам ова, зборувам за сите навивачи на Фенербахче. Затоа вака ја прославивме победата. Пред да дојдам овде ми кажаа половина од приказната. Да ми ја раскажеа целата приказна, немаше да дојдам“.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига