Утрински Весник
Свет

Турција забрани отпуштања на работниците во 10 градови по земјотресот

Се молиме да најдеме тело за да го предадеме на семејството, тие само сакаат достоинствен погреб, раскажа багерист во Турција

Турција денеска започна програма за привремена поддршка на платите и забрани отпуштања во 10 градови за да ги заштити работниците и бизнисите од финансиските последици од разорните земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на овој месец.

dobivaj vesti na viber

Според турскиот службен весник, работодавачите чии работни места се сериозно или умерено оштетени ќе имаат корист од оваа помош за делумно покривање на платите на вработените чие работно време е намалено, пренесува Ројтерс.

Забрана за отпуштања беше воведена и во 10 провинции погодени од земјотресот, каде што е на сила вонредна состојба.

На 7 февруари, на барање на претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот парламент воведе тримесечна вонредна состојба.

Турската влада понуди поддршка за платите и воведе забрана за отпуштање во 2020 година во обид да ги олесни економските последици од пандемијата на коронавирус.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење