Утрински Весник
Балкан

Турција останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално

Foto izmir anticki grad efes.jpg

Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Туркије останува на исклучително високо ниво.

И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Туркије е медитеранска земја и не е страна во овој конфликт. Нејзините водечки туристички дестинации, како што се Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, Кападокија, Егејскиот брег и Турската ривиера, кои се меѓу најпосетуваните во светот, продолжуваат сосема редовно и без прекин да пречекуваат гости од Европа, Северна Америка и од регионот Азија-Пацифик.


Неколку клучни факти кои се базираат на актуелната состојба од теренот потврдуваат дека туристичката индустрија во Туркије функционира целосно непречено.

Прво, одморите во Туркије се одвиваат како и обично, а сите туристички капацитети, како што се ресортите, хотелите, туристичките тури и воопшто сите искуства во главните туристички дестинации функционираат онака како што е планирано и во согласност со резервациите. Нема затворања, прекини или какви било владини ограничувања поврзани со туристичките активности во ниту еден дел од земјата.

Исто така, сите летови кон и од турските аеродроми се реализираат според редовниот распоред. Нормално функционираат аеродромите во Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, како и сите останати големи меѓународни аеродроми. Ниту еден аеродром не е затворен, ниту, пак, постојат било какви ограничувања или пренасочувања на летови поради регионалните случувања, а авиокомпаниите што оперираат кон Туркије не пријавиле ниту еден откажан лет поврзан со конфликтот.

И трето, но многу битно, е дека летната сезона 2026 во Туркије е отворена за резервации, кон кои може да се пристапи со целосна доверба. Побарувачката за туристички аранжмани и резервации останува висока кај патниците кои имаат јасна претстава за географската положба на земјата. Министерството за култура и туризам на Туркије и натаму ќе биде посветено на поддршка и комуникација со партнерите и со туристичкиот сектор, преку обезбедување податоци, изјави и дополнителни информации кога тоа ќе биде потребно.

Можете да прочитате

На Фејсбук се појави морничава педофилска група со повеќе од 5.000 членови во соседството

23 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

Трагедија во Србија: Загина братот на Дарко Лазиќ во тешка сообраќајна несреќа