Утрински Весник
Свет

Турција ги обвини САД за мешање во изборите: „Бајден стои зад сè“

Турција ги обвини САД за мешање во изборите: „Бајден стои зад сè“

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ги обвини САД за мешање во изборите во Турција.

dobivaj vesti na viber

„САД се мешаат во нашите избори. Тоа веќе го знаат сите во оваа земја, а тоа го изјави и самиот американски претседател Џозеф Бајден. Јасно е од каде дојде нападот врз кандидатот Мухарем Инџе, како и каде беше координиран. Тоа е Америка во последните денови, господинот Бајден го активира својот народ во Турција“, вели Сојлу.

Тој во изјава за весникот „Стар“ додаде дека САД редовно се мешаат во изборите во Турција, дека тоа го прават на разни начини, вклучително и со монтирани видеа.

„Што им направи Мухарем Инџе, тие воопшто немаат гризење на совеста“, рече Сојлу.

Според него, зад сите овие активности против Турција стои американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Тој е тој што вели дека кога не успеаја да го соборат Ердоган со државен удар во 2016 година, тогаш тоа ќе го направат со мешање во изборите“, рече тој.

Сојлу смета дека Вашингтон не сака реизбор на Ердоган, туку избор на Киличдароглу, кој, според идејата на Американците, треба да ги освои гласовите на Инџе.

„Оние на кои не им се допаѓаат некои од нашите стратегии одат на другата страна, ФЕТО (организацијата на свештеникот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, и со која Анкара го поврзува обидот за пуч) е сè уште активна. На пат кон претседателските избори се спроведува операција против кандидатите“, објасни Сојлу.

Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај. Претходно, турскиот претседателски кандидат Мухарем Инџе се повлече од претседателската трка стеснувајќи го полето на ривалите на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и внесувајќи нова неизвесност за кого сега ќе гласаат неговите поддржувачи.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно