Утрински Весник
Македонија

Тупанчески: Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженијата и фондациите ќе биде прифатен

Тупанчески: Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженијата и фондациите ќе биде прифатен

„Секое добро решение ќе биде прифатено, што отсекогаш било мое животно и професионално мото, без разлика дали доаѓа од власта или од опозицијата. Ако предлогот е добар и конструктивен, ќе биде прифатен“, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженијата и фондациите, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тупанчески информира дека советодавното тело заседавало и пред него претстои сериозна обврска да се произнесува во однос на тоа дали историските ликови што имаат контроверзно минато може да бидат дел од името на здружението, односно на фондацијата.

„Тоа е советодавно тело, треба да се потенцира дека во моментот во Собранието се измените и дополнувањата на Законот за здруженијата и фондациите, што, всушност, истовремено се движат во насока колку што е можно поитно да бидат решени состојбите што не дозволуваат да се чека носење нов закон“, рече Тупанчески.

До донесувањето на новиот закон целта на овие измени и дополнувања на Законот за здруженијата и фондациите, за чие усвојување практично има консензус и од опозицијата и од власта, е да може веднаш да се реагира и да се амортизираат, односно неутрализираат состојбите што настанаа во оваа сфера.

На прашањето дали ќе побара преименување на постојните бугарски здруженија во однос на чии цели веќе реагираа и граѓани и Комисијата за спречување на дискриминација, Тупанчевски потенцира дека легалистички гледано, одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции што имаат можност да постапуваат.

Можете да прочитате

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите” а водевте вазални политики

Врховен го спаси од пропаѓање ,,Талир”, судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ продолжува