Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тупанчески посети установа за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот

Тупанчески посети установа за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот
300x250 opst2

Министерот за правда Никола Тупанчески заедно со регионалната директорка за Европа и Централна Азија на канцеларијата на УНИЦЕФ, Афшан Кан беа во посета на Воспитно поправниот дом во Волковија.

dobivaj vesti na viber

Целта на посетата беше запознавање со активностите во однос на унапредувањето на правдата за децата. Беше направена обиколка на просториите на ВПД а малолетниците ги презентираа идеите и механизмите на кои работеле во изминатиов период.

ВПД во Волковија е релативно нов комплекс со површина од 16.000 м2, ограден со жичена ограда, шеталишта, спортско игралиште за кошарка, мал фудбал и ракомет.

Во него се сместени 18 деца. Со подобрените услови се очекува значително да се зголеми грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници.

Установата ги задоволува сите европски стандарди за сместување и работа со деца кои биле во судир со законот.

Оваа посета е од исклучителна важност бидејќи е прва посета на регионалната директорка Афшан Кан и е од големо значење за програмата за правда за деца.

 

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка