ФИФА, жестоко го предупреди Тунис, дека може да ја исфрли репрезентацијата од Светското првенство, поради „мешањето на политика во спорот“. Мундијалот во Катар ќе започне за 20 дена.
Како што пренесуваат светските медиуми, ФИФА испратила писмо до Фудбалскиот сојуз на Тунис во кое се заканува дека ќе го исфрли од турнирот доколку политичарите продолжат да се мешатаа во работата на Сојузот. Спорно било влијанието на тунискиот министер за млади и спорт, Камел Дегуиче.
„Доколку не се придржувате до овие барања, тоа може да резултира со казни според статутот на ФИФА, вклучително и суспензија на Федерацијата“, се вели во писмото до ФИФА.
Министерот Дегуиче наводно се обидел да го одложи почетокот на националното првенство и да направи лична ревизија, а во еден момент се закани дека тамошното Министерство за спорт има целосно право да го разреши целото раководство на Федерација.
Затоа ФИФА одлучи да интервенира, бидејќи според нејзините закони, сите членки мора да бидат целосно ослободени од политички и правен притисок.
Тунис е во групата Д на Мундијалот, заедно со Франција, Данска и Австралија, а ако се случи преседан и тие бидат исфрлени, прашање е кој ќе влезе на нивото место?
Во баражот Тунис беше подобар од Мали со вкупен резултат 1:0, па логично би било таа африканска селекција да дебитира на СП, но според медиумите фаворит е Италија како најдобро рангирана репрезентација на ФИФА листат која не избори пласман на Светското првенство.
Доколку ФИФА би ја избрала Италија, тоа би бил уште еден преседан, бидејќи Африка би загубила едно загарантирано место, а Европа би добила едно повеќе од очекуваното…