Утрински Весник
Свет

Тројно се зголеми бројот на загинати во Северна Каролина по ураганот Хелен: „Видовме тела како висат на дрвјата“

Screenshot 2024 10 02 084048.jpg

Бројот на жртвите на ураганот Хелен во шест американски држави се искачи на над 160, а милиони луѓе останаа без струја и без пристап до Интернет.

Најтешка ситуација во моментов е во Северна Каролина, каде бројот на загинати е тројно зголемен.

Преживеаните го опишаа хаосот што настана откако ураганот Хелен ја погоди нивната област.

„Видовме тела како висат на дрвјата. Најдовме некои тела под урнатините“, изјавила Алисон Хадсон, чија куќа е целосно уништена.

Спасувачките екипи во западниот дел на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелен го опустоши југоисточниот дел на САД.

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Ешвил. Патиштата беа затворени, има одрони, што уште повеќе ја отежна работата на спасувачките екипи.

Ураганот Хелен го зафати брегот на Флорида во четвртокот вечерта, носејќи неколкудневни врнежи од дожд и уништувајќи домови кои со децении се справуваат со невремето.

Невремето одеше кон север, а цели населени места беа збришани, додека многу заедници останаа без вода и основни потреби.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме