Утрински Весник
Македонија

Тројна трагедија со предупредување на Фејсбук – Обдукција завршена

Img 2287.jpeg

Завршена е обдукцијата на 63-годишниот прилепчанец П. Ѓ., кој завчера го уби својот 43-годишен внук од сестра П. Ч. и неговиот 13-годишен син, по што си го одзеде животот. Според информации на 4NEWS.mk, обдукцијата на телата е веќе извршена, но конечниот извештај сè уште се подготвува и ќе даде прецизни податоци за времето и причините на смртта.

Обвинителството официјално потврди дека профилот на социјалната мрежа Фејсбук, за кој претходно беше пишувано, му припаѓал на убиецот. Токму на таа платформа тој го најавил крвавиот чин, споделувајќи пораки со идеолошка и заканувачка содржина.


Од СВР Битола информираат дека на 12 јули 2025 година, околу 21:20 часот, К. Ч. (43) од Прилеп пријавила во ОВР Прилеп дека нејзиниот сопруг и нивниот 13-годишен син се оддалечиле од домот и дека можно е да се наоѓаат во куќата на нивниот роднина П. Ѓ.

„Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П. Ѓ., но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата. Тогаш едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала“, стои во соопштението од СВР.

Кога полицијата се повлекла од влезот, било пукано однатре кон службените лица, по што тие возвратиле со истрели кон куќата.

„На 13.07.2025, во 01:35 часот, екипа од Итната медицинска помош ја констатирала смртта на П. Ѓ., П. Ч. и 13-годишното момче, сите со повреди од огнено оружје“, соопшти СВР Битола.

Во моментов се преземаат дополнителни истражни дејства за целосно расчистување на случајот што ја потресе јавноста. Истрагата ќе утврди дали и колкава одговорност имаат институциите, особено со оглед на тоа што биле познати претходни закани и нестабилното однесување на сторителот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС им е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето, тие ни субвенции не исплаќаа

АРМ во акција за гаснење на пожар: Испуштени 45 тони вода на најкритичните жаришта (ФОТО)

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова